Со цел да се зголеми свеста кај граѓаните и да се зачува планетата Земја, мексиканскиот продуцент Карлос Кавира, на својот YouTube канал, креирал видео кое содржи силни пораки до човечкиот вид, кое наидува на голема популарност и гледаност, за што сведочат дискусиите за видеото.
Кавира зборува за луѓето како најинтелегентни суштества, кои се сепак најлошите гости на планетата, бидејќи како што вели, другите природни суштества живеат на планетата долги години пред нас.
„Сте размислиле ли дека оваа планета не ни припаѓа нам?“ – е прашањето кое Кавира го поставува.
Отвора „дилема“ со која се вели, ние сме единствениот вид кој напаѓа, уништува, истребува…само поради амбиција.
Мексиканскиот продуцент прашува „ако ни е дадена способноста да зборуваме, мислиме, креираме, градиме, и помагаме…зошто да молчиме, да игнорираме?“.
Главната порака која Кавира ја нуди е коегзистенцијата помеѓу разните живи суштества:
„Коегзистенцијата започнува со менување на самиот себе, со ангажирање, со пренесување на пораката кон своите деца, со информирање и потсетување на оние кои заборавиле“.
Планетата, тоа си ти.