Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Планот на Хан за избори со учество на опозицијата

0
By Светлана Јовановска on January 19, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јоханес Хан е сериозно загрижен за ситуацијата во Македонија и е сосема свесен за сите ризици на кои е изложена земјата, вели за НОВА висок извор од Европската комисија кој одблиску ги следи настаните во Македонија.

И не само тоа. Комесарот и неговата екипа се разочарани што минатата недела во Скопје не се дошло до договор помеѓу партиите, што опозицијата излегла од Собранието и што изборите се распишани без согласност на опозицијата.

Сега, Европската комисија (ЕК), која ја застапува Хан, бара начин да воведе малку ред во македонскиот политички хаос.

На средината на февруари во Скопје повторно ќе дојде Хан со точен план во три точки како да ја натера опозицијата да учествува на изборите и како тие избори да бидат кредибилни. Не совршени но кредибилни.

Така, под број еден, планот на Хан предвидува чиста изборна листа. За таа цел, капацитетите на Државната изборна комисија (ДИК) ќе бидат зајакнати во секој поглед како што побара и самиот претседател на ДИК. Барање со кое Груевски, според изворот на НОВА, се согласил за време на последната рудна преговори минатата недела.

Под број два планот предвидува непречен пристап до сите медиуми на опозициските партии. СДСМ ќе може да има свои набљудувачи во Агенцијата за аудио-визуелни медиуми.

Конечно, под број три, овие Хан ќе направи проверка на напредокот во подготовката на изборите заедно со земјите членки на ЕУ, ОДИХР, ДИК и македонските невладини организации кои се занимаваат со изборниот процес.

– Се разбира, на оваа проверка треба да учествува и опозицијата и комесарот и неговата екипа се надеваат дека СДСМ ќе им се придружи во проверката на подготовките, вели изворот на НОВА во ЕК.

И додава:

– Треба да се знае дека ако комесарот констатира дека има било каков проблем во подготовките, тоа ќе биде отворено кажано и можете да бидете уверени дека ќе бидеме строги, додава европскиот висок функционер.

Со овие заложби ЕК се надева дека СДСМ ќе одлучи да учествува на изборите. Во таа насока се и сите изјави на Хан последниве денови. Тој, вели дипломатот, повеќе пати кажа дека не е важен датумот на изборите туку суштината на процесот, суштина која треба да донесе кредибилни избори.

На средбата во Скопје минатата недела ВМРО-ДПМНЕ предложила и датум во јуни за изборите но СДСМ тоа го одбиле, тврди нашиот извор.

– Искрено, не многумина овде не им е јасно што точно бара опозицијата. Како да не знаат дека она што е важно е земјата е не луѓе од власта или опозицијата, со резигнација вели изворот на НОВА.

Во сето тоа има место и за извештајот на Прибе и итните реформи што ги бара ЕК веќе со месеци. Овие реформи не се речиси ни чепнати па ЕК се прашува зошто опозицијата не инсистира токму на овие елементи.

На ЕУ, вели изворот на НОВА, и треба стабилна Македонија која ќе напредува на европскиот пат за да може да се справува со сите предизвици како бегалците, спорот со името, економијата или невработеноста.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.