Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Плаошник: Паско секогаш ќе биде нашиот прв човек

0
By Нова ТВ on July 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавно писмо од стручниот тим од архелошкиот локалитет Плаошник, во кое се вели дека Паско Кузман е пример на помладата генерација археолози, човек кој претставува пример за максимална посветеност и ангажираност во заштитата на културното наследство.

„Притворањето на Паско Кузман, многумина од нас, археолозите, го доживеаа како голем личен пораз. Нема да се впуштаме во коментирање на официјални полициски извештаи, а уште помалку, на „сѐнешто приказните“ на интернет.

Во сета оваа ситуација многу, многу нѐ загрижува силното омаловажување на човекот кој најмногу од сите нас се дал во својата професија, да не прескокнеме, и во својата татковина. На човекот кој нам, на помладата генерација археолози, ни претставува пример за целосна, максимална посветеност и ангажираност во заштитата на културното наследство. Да сме до сосем искрени и на чисто, зборуваме за човекот со кого отсекогаш и професионално сме се поистоветувале.

Од тие причини, за нас, стотината што работевме на локалитетот Плаошник, ова претставува силен удар. Ви се чини ли дека можат да се издржат 6 пеколни летни саати без сенка, на 40 целзиусови степени, пикнат во земјена сонда, со длабочина од 3 метри? Ви се чини ли, дека после ова, такво нешто ќе има смисла? Ќе има смисла да се прекршиме од работа, повторно?

И покрај тоа што оваа реакција е видливо субјективна, а оттука можеби и нема да биде значајна за многумина, ние реагираме како негова археолошка екипа, како луѓе коишто со денови, месеци, и ако сакате, со години, поминувале огромна количина време со Паско Кузман, истражувајќи го Плаошник.

Ние од Паско научивме како да се третирааат археолошките предмети. Како да се вадат од земја, како да се води теренска докуменатација, како и каде да се чуваат откако ќе се извадат. Како да се сакаат. Понекогаш се лутевме заради неговата, до претерани граници, организираност, прецизност, уредност и внимателност во работењето. Паско ќе ви каже сѐ ако го прашате, ерудитно ќе го споделува со вас сето свое огромно знаење и искуство, без задршка ќе ви ги покаже сите книги и статии, буквално секогаш простум на располагање кога се работело за научно проучување на охридските археолошки наоди….

>>Археолозите: Многу невистини беа кажани за Паско Кузман

Од него научивме што е професионална етика, беспрекорна.
Од него научивме и како се сака својата земја, топло и човечки, без резерва.
Од него научивме како се почитуваат колеги. Тој нѐ научи дека без тим, нема работа.

Ни велат дека таков бил и деновиве, дома му. Додека сите ние околу него се однесуваме како тазе исфрлени од поплава, безволни и разочарани од ова шупливо и шугаво време…тој си ја пишувал книгата за луксузните археолошки предмети откриени во Лихнитида.
Паско не може да оди никаде.

Ама не заради тоа што во моментов не може да излегува од дома, туку затоа што ѝ е потребен на македонската археологија, затоа што има да заврши уште многу своја интелектуална, творечка работа, и затоа што, освен на своето семејство, потребен ни е и нам.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.