Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Платите на пратениците три пати повисоки од просекот

0
By Нова ТВ on May 17, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неускладеноста на платите на парламентарните претставници и обичните граѓани во земјите на поранешна Југославија, сепак, е далеку помала од нивото на 130 плати, колку што бараат пратениците во новоизбраниот парламент на Кенија, но е поголема од европскиот просек, јавува белградски Блиц.

Најдрастичен пример е БиХ, каде што пратениците заработуваат барем 6 пати повеќе од оние што ги претставуваат, додека европскиот просек за платите на пратениците во државните парламенти изнесува 2,3 просечни плати. До овој сооднос се приближуваат само Србија и Црна Гора и тоа само до долната граница на платите на нивните парламентарци.

Во Македонија платите на пратениците од 1.000 евра се трипати поголеми од просечните, со тоа што кај нас има и казни за оние пратеници што не присуствуваат на седници – 20 отсто пониска плата во следните 6 месеци.

Се разбира, со актуелнава власт ова правило се применува и кога станува збор за политички и организиран бојкот и тоа не само 20 отсто, туку и многу повеќе. Актуелната власт, како што е познато, на пратениците на опозицијата им ги намали палтите за две третини во текот на зимскиот бојкот, кој беше резултат на насилното бркање на опозицијата од собраниската сала.

За Словенија и Хрвтска, која од 1 јули влегува во ЕУ, поатрактивни од локалните плати се оние што можат да се добијат во Европскиот Парламент, а кои достигнуваат и до 10 илјади евра.

Она што анализата на Блиц не го покажува, а што веднаш се забележува, е фактот што во Македонија, ако се има предвид бројот на населението, има премногу пратеници, односно најмногу после Црна Гора. Така што, и покрај пониските плати на македонските народни претставници, цехот што тие го прават, како удел во буџетот, е поголем од другите земји и заради големиот број пратеници, но и заради сиромаштијата на земјата во однос на другите побогати држави.

Кога станува збор за бројот на пратениците, далеку побогатата Словенија, на пример, која има слична популација од Македонија, има за една четвртина помалку народни претставници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.