Платно на кое пишува „Само СДСМ, Соросовиот Пленум и Папуа Нова Гвинеја спречуваат избори“ утрово е поставено на влезот на кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Таму денеска се одржуваат изборите за нов студентски претседател, меѓу кандидатите Давор Поповски од Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Стефан Василевски од Медицинскиот факултет.
Студентскиот пленум за денеска најави блокада на влезот на УКИМ, за да се спречи, како што велат, нелегален и криминален избор на нов студентски „лидер”.