Модерна пловечка болница за помош на разурнатите Филипини ќе испрати Кина, соопштија денес тамошните власти. Пред две недели, Филипините беа погодени од можеби најмоќниот тајфун во историјата.
Вчера, кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека на Филипините ќе испратат брод тежок 14.000 тони кој што е опремен со најсовремена медицинска опрема.
„Мировната арка“ ќе има функција на болница за илјадниците повредени на Филипините, но засега не познато каде ќе биде стационирана пловечката болница, ниту пак кога ќе пристигне, пренесува Ројтерес.
Откакко кинеските власти првично најавија помош од 200 000 долари, таа сума ја зголемија на 1.6 милиони долари.
Помош за речиси уништените градови на Филипините пристигнува од сите страни, но пристигнува бавно.