Во Босна и Херцеговина почна пописот на населението, домаќинствата и живеалиштата, што ќе трае до 15 октомври.
По 22 години, колку што минаа од последниот попис во 1991 година, државата Босна и Херцеговина ќе добие конкретна демографска и економска слика на населението, како и голем број други статистички податоци потребни за соодветен развој на државата.
Пописот ќе овозможи и исполнување на неколку услови на патот на БиХ кон европските интеграции.
Пописот ќе трае секој ден од 9 до 21 часот, а првите резултати ќе бидат достапни по 90 дена, во јануари идната година.
Во него ќе учествуваат 25.000 лица, од кои околу 19.000 попишувачи, контролори и резерни попишувачи.