Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 40 години се враќа „Бушава азбука“ со новогодишна песна „Бушава Нова година“

0
By Marija Todorovska on December 20, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По 40 години се враќа „Бушава азбука“ со новогодишна песна „Бушава Нова година“ дел од новата анимирана серија „Буквождер“. Втора „Бушава азбука“ (2БА) е продукција, Види Вака раскажувачко студио и Георги М. Унковски во копродукција, кои денеска соопштија дека ја објавуваат новогодишна песна „Бушава Нова година“, со која го најавуваат враќањето на образовно-забавниот бренд „Бушава азбука“.

Песната е дел од новата серија „Буквождер“, анимирано продолжение и приказна за буквите и за македонскиот јазик од легендарната „Бушава азбука“.

„Бушава Нова година“ ја пеат хероите од „Буквождер, „Бушавковци“ чии гласови ги позајмуваат Ивана Павлаковиќ, Ангела- Александра Ивановиќ и Дамјан Цветановски. Музиката е на Георги Шарески, текстот на Мите Кузевски, а во адаптација помогнаа Горан Игиќ и Георги Шарески.

По двегодишни напори за обезбедување на поддршка и спонзори, овој прв проект од „Бушав универзум“ е финансиран од сопствени средства на копродуцентите. Во план е и јавна кампања за собирање средства. Со оваа анимирана серија чие емитување се очекува во 2025-та година, започнува новата етапа на „Бушава азбука“ и „Бушав универзум“ во Македонија, но и секаде каде што се присутни македонскиот јазик и култура, се наведува во соопштението.

Во меѓувреме, се додава, седум години траат напорите за финансирање на „Бушав буквар“, продолжение на легендарната телевизиска серија „Бушава азбука“ за која Горан Стефановски ги почна, а по неговата ненадејна смрт Марјан Алчевски ги доврши сценаријата. За овој проект од национален интерес копродуцентите исто така ги имаат обезбедено сите права.

Серијата за која институциите се глуви од 2018-та година е воедно и последното нереализирано дело на легендарниот македонски драматург Горан Стефановски. Идејни творци на проектот се режисерот Слободан Унковски и актерката Синоличка Трпкова Меллес, дел од оригиналната постава на омилената „Бушава азбука“, се посочува во соопштението и се додава дека повеќе детали за „Буквождер“, „Бушав буквар“ и како е замислен „Бушав универзум“ копродукцијата ќе соопшти во 2025-та година.

Бушава азбука
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.