Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 7 века конечно откриено потеклото на најсмртоносната пандемија во историјата на човештвото

0
By Mirjana on June 16, 2022 ЗДРАВСТВО, СВЕТ
Фото: РТС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Конечно по цели 7 века, меѓународен тим експерти го откри потеклото на најсмртоносната пандемија во историјата на човештвото, која однесе стотици милиони животи во Европа, Азија и Северна Африка.

Во средината на 14 век избувнала најсмртоносната пандемија на чума во историјата на човештвото, од која човештвото се опоравува веќе два века. И покрај големите напори, научниците – досега – не можеа да утврдат каде точно почнала да се шири бубонската чума, јавува РТС.

Новите анализи покажуваат дека инфекцијата започнала на територијата на денешен Киргистан во Централна Азија, некаде во четвртата деценија на 14 век, по што се проширила низ остатокот од Азија до Европа и Северна Африка и однела меѓу 75 и 200 милиони животи.

Истражувачки тим од Универзитетот во Стирлинг во Шкотска, германскиот институт Макс Планк и Универзитетот во Тибинген анализирале древни примероци на ДНК од скелетни заби на гробиштата во близина на езерото Исик Кул во Киргистан, стои во текстот на РТС.

Областа беше избрана по утврдувањето на голем скок на смртни случаи од други извори во 1338 и 1339 година – неколку години пред да избие пандемијата.

Марија Спиру од Универзитетот во Тибинген вели дека тимот секвенционирал ДНК на седум скелети.

Забите се анализирани бидејќи содржат крвни садови и има големи шанси да се утврди постоење на патогени од крвта што ја предизвикале смртта.

Експертите успеале да пронајдат траги од предизвикувачкиот агенс на чумата, бактеријата Yersinia pestis, во три од седумте примероци.

Историчарот Филип Славин од Универзитетот во Стирлинг истакнува дека ова е многу значајно откритие.

„Нашата студија одговори на едно од најголемите и најфасцинантните прашања во историјата на човештвото и утврди кога и каде започна најсмртоносната пандемија во историјата на човештвото“, рече Славин.

пО 7 ВЕКА ОТКРИЕНО ПОТЕКЛОТО НА НАЈГОЛЕМАТА ПАНДЕМИЈА ДОСЕГА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.