Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков не е во неговиот дом на Водно.
Како што дознава Фокус од извори во МВР, полицијата го бара и во хотелот Мериот, во косопственост на компанија на неговиот син.
Неофицијално, Министерството за внатрешни работи размислува да распише потерница.
Се обративме и до МВР, но од таму засега нема никаква официјална потврда или известување.
Инаку, досегашните мерки на претпазливост на Мијалков му се сменети со куќен притвор, по барање на обвинителството за случајот „Таргет и Тврдина.