Роџер Федерер ја има својата најлоша сезона на тениски натпревари откако тој стана Гренд слем шампион.
Тој се соочи со неговото најрано испаѓање од Гренд слем во оваа деценија и падна на седмото место во светот. За прв пат од 2002 година, тој не влезе во финале на Гренд слем натпревар.
Неговиот тренер, Пол Анакон, се чини дека ја плати цената за падот, откако Федерер објави во саботата дека тој ги прекинува врските со Американецот кој има работено со победникот на 17 Гренд слемови Пит Сампрас и екс- британскиот број 1 Тим Хенман.
Врските на Анакон со Сампрас и Хенман придонесоа Федерер да го ангажира, бидејќи Гренд слем добитникот на 17 титули е пријател со двата поранешни играчи.
Кога тој загуби од Гаел Монфил во третиот круг на Шангај Мастерс оваа недела,
Монфис изјави дека аурата на Федерер бледнее:
-Мислам дека тој (промаши) малку повеќе отколку што претходно му се случувало. Знам дека тој ќе се обиде и да се бори за своите удари, но можеби тој е малку помалку сигурен.
Федерер во пресрет на Шангај Мастерс изјави дека со нетрпение очекува “голема” 2014 година и неговата одлука да се раздели со Анакон сугерира дека тој е навистина решен да победи уште еден голем натпревар, наместо едноставно да лебдее во топ 10.те најдобри на светот.