НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По најавите за штрајк Законот за администрација влегува во Собрание

0
By Biljana on March 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници денеска ќе биде испратен во Собрание. 

Со предлог измените на Законот треба да се постигне еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор и усогласување на останатите плати на административните службеници, како и да се обезбеди континуитет на промените на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално ниво. Toj денеска треба да биде испратен до Собранието, откако вчера на седница беше усвоен од Владата.

„Се прават технички усогласувања и во текот на денот законското решение треба да биде испратено до Собранието, бидејќи следната станица на овој Предлог-закон е законодавниот дом. Ние како Влада може само да ги охрабриме пратениците час поскоро да ги донесат овие измени“, рече на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

Основната цел на Предлог-законот што вчера беше усвоен на седница на Владата е да се постигне еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор со најниски примања преку воспоставување на ист износ на законската минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на административни службеници на сите нивоа, како и обезбедување континуитет на промените на платите во администрацијата во однос на минималната на национално ниво, како долгорочна цел.

„Со законот се менуваат критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50 проценти од годишниот раст на просечната плата и 50 проценти од растот на трошоците за живот согласно податоците од ДЗС со цел системско решавање на прашањето на минималната плата. Со законот се утврдува висината на минималната плата да не биде пониска од 57 отсто од просечната плата објавена од ДЗС за претходната година“, појасни Арсовски.

Тој информираше дека во тек е седница на Економско-социјалниот совет, но, како што рече, за тоа за што ќе се разговара и дали на дневен ред е и ова прашање, како и евентуални нови мерки за ублажување на економската криза, ќе информираат по нејзиното завршување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.