Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По неколку месечен застој одобрен Законот за обнова на природата на ЕУ

0
By Marija Todorovska on June 17, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Брисел: Министрите задолжени за животна средина на земјите членки на ЕУ на нивниот денешен состанок во Луксембург со квалификувано мнозинство го одобрија Законот за обнова на природата на Унијата, што е последниот чекор во усвојувањето на оваа регулатива кој е дел од Зелениот договор.

Процедурата за усвојувањето на Законот со месеци беше во ќор-сокак, откако тој во февруари со тесно мнозинство беше поддржан од Европскиот парламент, по што остана да биде одобрен уште од Советот на ЕУ, односно претставниците на земјите членки на блокот.

Законот беше усвоен откако Австрија и Словачка, кои досега изразуваа резерви кон документот, го променија својот став и на денешното гласање на заседанието на Советот за животна средина во Луксембург го поддржаа законскиот текст.

Со тоа беше обезбедено квалификувано мнозинство од најмалку 20 земји во кои живеат 65 отсто од населението на ЕУ. Во земјите кои денеска гласаа за Законот за обнова на природата живеат 66 проценти од граѓаните на Унијата.

Законот предвидува обврзувачки цели за обнова на 20 отсто од девастираните екосистеми во ЕУ, како шуми, пасишта, мочуришта, реки и езера, до 2030 и сите останати екосистеми до 2050 година.

Првичната верзија на законот предвидуваше поамбициозни цели, но тие беа „ублажени“ под притисок на протестите на земјоделците, кои бараа отфрлање на регулатива, со тврдење дека таа ја загрозува нивната егзистенција. Така, под притисок на земјоделците беше додадена одредба дека од некои цели би можело да  се отстапи доколку се утврди дека тие ја загрозуваат безбедноста на храната.

Законот ќе стапи во сила 20 дена по неговото објавување во Службениот весник на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.