НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По околу половина тон комунален отпад по жител во 2020 година

0
By НОВА ТВ Balaban on December 30, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: skopje.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секој жител во 2020 година создал по 452 килограми комунален отпад, што е раст од четири килограми во однос на 2019 или дури 68 килограми повеќе споредено со 2016 година. Од вкупно создадени 913 илјади тони комунален отпад, околу две третини или 630 тони се собрани и завршиле на депонија. Најмногу произведен и рециклиран отпад е од хартија, покажува Статистичкиот годишник на Државниот завод за статистика за демографските и социоекономските состојби во Република Северна Македонија во 2020 година.

Комуналниот отпад го опфаќа отпадот од домаќинствата, вклучувајќи го масивниот отпад, сличен отпад од комерцијални и трговски дејности, службени згради, институции и мали бизниси, отпад од дворовите и градините, уличен смет, содржината на отпадните контејнери и отпадот од чистењето на пазарите.

Севкупно, во 2020 година се создадени 913 033 тони отпад, додека, собрани 630 086. Деведесет и девет проценти од собраниот отпад, како што покажува годишникот, е фрлен во депонија. Останува разликата помеѓу создадениот и собраниот отпад, која изнесува 282. 947 тони отпад што не се вбројува помеѓу отпадот кој завршил во депонија.

Создадениот комунален отпад за 2020 е помалку од 2019, кога изнесувал 915. 943 тони, меѓутоа, повторно има нагорна линија, за разлика од 2016 година, кога изнесувал 796. 585 тони.

Собраниот отпад, од друга страна, забележува блага пад со 2 398 тони помалку собран отпад за разлика од 2019 кога собраниот отпад изнесувал 632 484. Сепак, забележува пораст во однос на 2016, кога изнесувал 610 227 тони.

Фрлањето на собраниот отпад на депонија е процентуално исто во споредба со лани, како и со 2016-та година и изнесува 99 проценти.

Најголемо количество отпад пуштено на внатрешниот пазар за 2020 година е во форма на хартија и картон, вкупно 26 308 тони. Следствено, најголемото количество рециклиран отпад за 2020 е хартија и картон во износ од 24 654 тони односно 82 проценти.

Пластика пуштена на пазарот има 5 699 тони помалку од хартија и картон, односно 20 609 тони, додека, истата е рециклирана во количина од 6 396 тони, односни 31 процент.

Зад нив е стаклото со 11. 577 тони оптег на пазарот, а 3. 781 тони, односно 32 проценти рециклажа.

Количеството дрво пуштено на пазарот во 2020 година изнесува 913 тони, метал 3. 918 и композити материјали 3. 766. Од нив, дрвото е рециклирано во износ од 527 тони, односно пет проценти, металот 955 тони или 24 проценти, додека, за композитните материјали нема податоци.

Во 2019-та година количеството отпад пуштено на внатрешниот пазар изнесува 6. 284 тони повеќе од 2020-та, односно 85. 718, додека, рециклираниот отпад истата година изнесува 351 тони помалку од 2020-та година, односно 34. 229 тони.

Севкупно, во 2020 количеството отпад пуштено на пазарот изнесува 79. 434 тони, додека, рециклирани се 34. 580 тони, што претставува само 43,53 проценти рециклиран дел.

комунален отпад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.