По пауза од 16 години Хокеарите на Тампа Беј Лајтинг го освоија Стенли купот. Избраниците на тренерот Џон Купер во финалната серија ги победија Далас Старс со 4:2. Шестиот меч им припадна на Тампа Беј со резултат 2:0. Ова е втора титула за Тампа Беј во историјата.
Победата на Тампа Беј во шестиот меч и ја донесоа Брејдан Поинт со голот во првата третина и Блејк Колман кој погоди во втората третина. Играч на мечот беше голманот Андреј Василевски со 22 одбрани.
Трофејот Кени Смит наменет за најкорисен игра во финалната серија му припадна на Виктор Хедман.