Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По пет месеци премиера во Прилеп, a Фестивалот „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи од 1 до 10 октомври

0
By НОВА ТВ on May 22, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По околу пет месеци, вечер од 19 часот на сцената од приелпскиот народен театар премиерно ќе биде изведена претставата „Мендо и Мајло“, во режија на Игор Трпче, независен проект на „театарска работилница“, поддршан од Министерството за култура.

Станува збор за социјална дуо-драма, но и комедија, по текст на прилепската авторка Мирјанка Ристеска Селчанец и говори за двајца повозрасни луѓе, кои по игра на случајот се нашле во притворската келија на затворот Шутка. Мендо е обвинет за убиството на сопствената невенчана жена, која всушност, починала во сон, а Мајло е ром – дрвокрадец, кој истотака е обвинет за убиство на шумарот, кој несреќно загинал, откако неговата магарица ја превртува колата со дрва.

Според режисерот Игор Трпче ова е возбуда за актерско и театарско-сценско остварување кое трпи во периодот на пандемија.

-Се отвора приказната за двајца луѓе, од различни општествени слоеви кои во вакви околности се отвораат, се зближуваат многу, покрај големите предрасуди кои едниот за другиот ги имаат – од различни националности се, едниот е Ром, другиот Македонец. Ова е социјална драма која допира до речиси сите иако секому не сe лучува, но е честа ситуација. Задоволство е што по толку голема пауза, актерите и ние сме на сцената. Верувам дека е голема возбудата и мислам дека за првпат сфативме колку ни недостасуваат културата, театарот, концњерите и воопшто, културниот живот, вели Трпче.

Актерот Андон Јованоски копнее да се врати на „штиците што живот значат“, да игра пред публиката, па макар и со протоколи.

-Бев жеден за работа, верувам како сите мои колеги глумци. Овие „штици што живот значат“ ми недостасуваа. Јас од преставата „лажговци“, во февруари минатата година  не сум на сцена година и половина, освен некое гостување во Загреб. И сега се радувам, како мало дете. И публиката постојано ме прашува за претстава. Се надевам дека ќе се вратиме во нормала и дека така ќе го продолжиме животот, вели Јованоски.

Копродуцент е Центарот за култура „Марко Цепенков“ кој ги отстапи просториите во прилепскиот театар. Публиката, според протоколите,че биде присутна ограничено, само по 50 билети се за неа, но е желна за театарска претстава.

Во претставата играат актерите, доајени на прилепскиот театар Трајче Иваноски – Пепио и Андон Јованоски – Ашата. Музиката, тонот и светлото се на Томе Темелкоски, а костимите на Бојана Артиновска Трпческа.

Инаку, прилепскиот театар годинава треба да подготви три претстави. На првата се работи и треба премиерно да биде прикажана на крајот на јуни. Термин за одржување има и Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, од 1 до 10 октомври. Лани фестивалот, поради пандемијата, не го одржа 55-тото, јубилејно издание.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.