Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски , откако во Обвинителството предмалку се појави екс директорот на УБК Сашо Мијалков, повторно побара оставка на Владата.
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска се пријави во Обвинителство за да си го земе решението за притвор.
-Еве доаѓам во обвинителство откако дознав, вчера бев на жалост навистина болен со преку 40 температура и кога утрово дознав за ова што се случува решив да дојдам и да се јавам. Бев во изолација бидејќи имав симптоми на ковид 19.Се извинувам на целата македонска јавност на сега пак јавно ќе повторам јас никогаш нема да побегнам, изјави Мијалков.