„Синодот ја прими и начелно ја прифати оставката на владиката Василиј, но упати молба, и покрај проблемите со здравјето, тој да раководи со Епархијата до редовното заседание на Светиот архиерејски собор во мај“, се вели во соопштението на сајтот на СПЦ.
Како што се соопштува од Српската православна црква епископот зворничко-тузлански Василие Качавенда од Синодот на СПЦ официјално побарал да биде ослободен од службата, со образложение дека има сериозни здравствени проблеми.
Претходно, како што јавија српските медиуми, снимката на која владиката зворничко-тузлански Василиј има сексуални однос со момчиња, беше анализирана на синодската седница на Српската православна црква.
„Блиц“ тогаш објави дека снимката не е единствениот материјал којшто го поседува црквата – Синодот имал прилика да види и спорни фотографии, а постојат и сведочања на момчиња и на теолози.