Истражувачот од бугарската академија на науки д-р Миладина Монова, и професорот Љупчо Ристевски кој воедно е член на мешовитата комисија, во „Клик Плус“ на ТВ21, дебатираа за бугарско-македонските односи.
Двајцата гости го коментираа потегот на претседателот Румен Радев за свикување на безбедносните служби и нивно испраќање во Северна Македонија.
„Тешко е да се коментираат изјавите на политичарите. Тензијата е апслутно видлива, и не оди во прилог на градење на добрососедски односи, дури и во смисла на оцена кон нашата државата. Нема да ги подобри добрососедските односи, но треба да се гледа во конетекс на политиката во Бугарија, тие се во предизборна кампања, претенденти за добивање на власта. Во секоја друга смисла доколку се гледа, една таква изјава на претседател на држава е навистина загрижувачка“, рече Ристевски.
Монова истакна дека не е и јасно зошто таков потег од претседателот Радев.
„Мене ми е чудно, не знам која е логиката на ова. Не знам што очекуваат во таква ескалација, некако и мене ме погодува како бугарски граѓанин. Дали е толку тешка ситуацијата економска, што мора да се навлегува во ескалација со соседи и на таков начин, не знам, не ми е јасно“, рече Монова.