Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По судска наредба, МВР го спроведе Сеад Кочан во затворот Идризово

0
By Нова ТВ on August 1, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бизнисменот Сеад Кочан кој е правосилно осуден на затворска казна од 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“ вечерва е спроведен  во затворот во Идризово. Од МВР за НОВА потврдија дека постапувале по судска наредба и Кочан е префрлен во затвор на издржување на казната.

Наредбата до МВР за неговото приведување е пуштена доцна вечерва откако надлежниот судија за извршување санкции попладнево го одбил и неговото трето барање за одложување на издржување на казната.

„По добивање на целокупната документација поврзана со новото барање за  одлагање со отпочнување со издржување на затворската казна на еден од  обвинетите во предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството значен како  „Труст“, судија за извршување санкции донесе решение со кое го отфрли барањето како недозволено и издаде наредба осуденото лице со полициска придружба веднаш да биде спроведено во надлежната Казнено поправна  установа“.

Кочан беше сместен во приватна болница, и Судот пред да ја донесе одлуката побара документација од болницата за здравствената состојба на осудениот бизнисмен.

Кочан два пати поднесе барање за одложување на затворската казна – поради неодложни обврски и здравствени проблеми, но Судот го одби.

Затворската казна која треба да ја одлежи бизнисменот е поради манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација. Кочан, кој е единствениот од овој предмет кој треба да одлежи затворска казна од 4 години и 8 месеци затвор, откако Апелација во март годинава му ја намали првостепената казна од 6 години на која беше осуден за злоупотреба на јавна набавка во јули 2018.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.