НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По трагите од руските воени злосторства: Во комората за мачење во Балаклија, непознат затвореник ја изгребал Господовата молитва на ѕидот

0
By Sashko on September 20, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повторно руските војници оставаат траги од воени злосторства зад себе. Тие бомбардираа болници и театри во Мариупол, гранатираа трговски центар во Кременчух, мачеа и егзекутираа стотици цивили во Буча и Ирпен. Сега, кога украинските сили ги протераа Русите од поголемиот дел од регионот Харкив, голем број злосторства повторно излегоа на виделина, пишува Александар Ј. Мотил, професор по политички науки на Универзитетот Рутгерс-Њуарк за The Hill.

Стратешки важниот град Изjум, под окупација од 1-ви април, се чини дека е еден од клучните центри на масовни убиства. Украинските власти ексхумираа 146 тела на цивили и пронајдоа уште 445 во масовни гробници. Една масовна гробница содржи тела на над 20 украински војници. Рацете им биле врзани зад грб и биле застрелани и убиени. Олех Котенко, украински функционер одговорен за исчезнатите лица, верува дека „бројот на загинати во Изјум може да ја надмине неколкукратно трагедијата во Буча“, во која загинаа над 400 лица.

„Од телата што беа ексхумирани денеска, 99 отсто имаат знаци на насилна смрт. Има тела со врзани раце зад грб, а едно лице е закопано со јаже околу вратот. Очигледно е дека овие луѓе биле мачени и егзекутирани. Меѓу погребаните има и деца“, вели Олех Синехубов, шеф на државната управа на покраината Харков.

Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации има намера да испрати истражители во Изјум за да ги проверат украинските наводи.

Украинските власти, исто така, открија десетина комори за мачење низ регионот Харкив, од кои две се во градот Балаклија. Во една од маченичките одаи во Балаклија, непознат затвореник ја издлабил со гребење по ѕидо Господовата молитва на ѕидот и тоа на руски – уште едно сведоштво дека тврдењето на Владимир Путин дека ги ослободува украинските Руси и русо-говорници е, и секогаш било, шупливо. Се чини дека една таква комора била лоцирана во затворот на градската област Купјанск. Во ќелиите наменети за 140 лица имало повеќе од 400 луѓе, а затворениците очигледно биле принудени да спијат стоејќи.

„Целиот свет треба да го види ова. Свет во кој не треба да има суровост и тероризам. Но, тие постојат. И нивното име е Русија. Повеќе од 400 тела беа пронајдени на масовното погребување во Изум. Со знаци на тортура, деца, загинати како резултат на ракетни напади, воини на вооружените сили на Украина. Русија остава само смрт и страдање. Убијци. Мачители. Лишен од се човечко. нема да бегаш. нема да се скриеш. Одмаздата ќе биде праведно страшна. За секој Украинец, за секоја измачена душа“, рече Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по откривањето на масовните гробници.

Ова се исклучително силни зборови, особено ако се има предвид дека доаѓаат од личност која е израсната во пријателска средина, блиска до Русија и никогаш не очекувала дека таа земја ќе започне војна од севкупни размери против Украина. Но, зборовите на Зеленски не го означуваат само морето од промени што се случи во неговото разбирање за Русија; тие, исто така, ги претставуваат ставовите на огромното мнозинство Украинци. Геноцидната војна на Путин ја консолидираше украинската нација и национален идентитет, а слободата е обединувачка идеја уште од независноста на Украина во 1991 година. Денес, како и Зеленски, сите Украинци знаат дека се токму она што Путин ги обвинува дека се: анти-Русија која е  спротивна на рускиот бренд на империјализам, фашизам и геноцид.

Украинците сега знаат кои се, а кои не се. Спротивно на тоа, Русите наскоро ќе се соочат со вознемирувачки прашања без удобни одговори. Зошто тие беспоговорно го поддржуваа Путин повеќе од две децении, иако тој отворено ги разбиваше новите демократски институции на Русија, ги малтретираше неруските соседи на Русија и се стремеше кон глобална воена супериорност? Зошто го бодреа кога илегално го анектираше Крим во 2014 година и започна војна против Украина истата година? И зошто толку многу Руси сè уште ги затвораат очите пред тековниот геноцид во Украина и се преправаат дека веруваат дека извештаите за злосторства се лажни?

За среќа на Русија, се чини дека сè поголем број Руси развиваат „кичма“ и морална совест. Општинските власти во Санкт Петербург и Москва неодамна побараа разрешување на Путин. Тие потоа беа казнети, но не беа затворени – чин, не на љубезност од страна на властите, туку поради страв дека нивните анти-Путин ставови се шират, бидејќи сè поголем број Руси дознаваат дека нивните синови и сопрузи умреле во Украина или ги гледаат вратени дома осакатени.

И навистина, од 13 септември, 47 локални функционери потпишаа петиција до Државната дума на земјата да го отстрани претседателот Владимир Путин од власт под обвинение за велепредавство.

„Владимир Путин ѝ штети на иднината на Русија и нејзините граѓани“, се вели во петицијата.

Според Ксенја Торстрем, општински службеник од Санкт Петербург кој ја подготви петицијата, потписниците потекнуваат од „Нижни Новгород до Јакутск, од Новосибирск до Томск. Општо земено, од многу градови“. Поважно е што петицијата не го идентификува Путин како претседател на Русија – затоа што, откако го прекршил неговиот „социјален договор“ со рускиот народ, подносителите велат дека тој повеќе не е претседател.

Кога ќе замине, Путин ќе остане запаметен по неговите ѕверства и злосторства. Украинците ќе го проколнат додека градат демократска држава. И Русите ќе го проколнат, но нивниот гнев ќе биде искрен дури откако ќе се покајат за своите гревови.

Извор: civilmedia.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.