Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По вторпат, Киненова – фестивал на дебитантски филм

0
By Нова ТВ on October 6, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со филмот „Мажите не плачат“ на босанскиот режисер Ален Дрљевиќ, вечер во 20 часот во кино „Милениум“ ќе биде отворен вториот фестивал „Киненова“ кој промовира дебитантски филмови.

Претходно скопска премиера ќе има и краткиот филм „Крајот на времето“ на Милчо Манчевски, а организаторите ќе му доделат Специјално признание на актерот Жарко Лаушевиќ кој е специјален гостин на „Киненова“.

Покрај Лаушевиќ, на „Киненова“ ќе биде присутно уште едно познато име на југословенскиот филм – Горан Марковиќ кој ќе претседава со жирито, а ќе одржи и мастерклас.

Во шесте фестивалски денови, до 11 октомври, ќе бидат прикажани десет филмови кои се прв или втор долгометражен филм на режисерот, во селекција на Марина Костова. Фестивалот како и минатата година ќе додели награди за најдобар филм, режија, сценарио и за најдобар филм според публиката, а ќе се натпреваруваат вкупно десет филмови од девет земји (Израел, Канада, Коста Рика, Романија, Венецуела, Холандија, Америка, Босна и Шпанија).

– Имаме 10 одлични филмови од 10 нови авторски гласови кои допрва ќе се слушаат. Сосем случајно испадна темата пострауматско искуство да биде нишка која на некој начин ги поврзува сите филмови во конкуренцијата за награди, што, пак, е сосем соодветно на нашава актуелна стварност, истакна Костова на прес-конференција по повод фестивалот.

Покрај долгометражните, официјалната селекција ќе понуди и кусометражни филмови, во кои спаѓаат професионални и студентски филмови од цел свет. Дополнителни, ревијални програми на фестивалот се: Панорама на светската незавизна филмска продукција; Кино Балкан; Фокус на; Македонски кратки и еден новитет програмата 0% Цензурирано, за која организаторите најавуваат дека ќе биде голема провокација за гледачите.

Проекциите ќе бидат во кината Синеплекс и Милениум, Кино Култура и Кинотека на Македонија. Билетите се по цена од 100 и 150 денари.

2 издание Киненова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.