Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Победата на Лидија Димковска

0
By Биљана Секуловска on November 10, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога прочитав дека писателката Лидија Димковска ја добила европската награда “Европско културно наследство”за нејзиниот расказ “Кога заминав од Карл Либкнехт”*, се изненадив дека сепак се провлекла и таква вест, наспроти политичките мечови, еутанизиите за кучињата, скандирањето на името на Груевски кого нацијата го чека зад затворските решетки.

Еуфоријатата и егзалтацијата и целиот национален транс и патос предолго време му припаѓаат на Груевски, на часовникот кој ги отчукува минутите за затворската казна, затоа и останатите вести не се читаат, отвораат, не се дебатира за нив, не се предмет на најмал, макар и за момент покажан интерес.

 

Димковска нема статус на омразен политичар, на локален криминалец, на ситен мешетар, за да се буди нацијата со нејзиното име и да заспива со нејзините успеси.

Нејзиниот статус на голема писателка се подразбира и затоа и нема потреба да се величи, да се идентификува некој со неа, да ги голта нејзините дела, како и последново, за што доби и награда.

Таа не е врв на национален интерес, никој специјално не се интересира каде се наоѓа таа во моментов, ниту пак некој ја бара очајнички. Онака, како што тоа му следува сега на Груевски, за кого судските курири чукаат на сите врати и железни порти, за да се докаже неговото бегство од затворската казна.

Никој не знае каде е тој, Груевски, иако ако се свртиме наоколу, секако дека ќе сфатиме дека тој не е само физичко присуство и воедно и отсуство, дека физичкото бегство не подразбира дека навистина и го нема, дека ќе исчезне засекогаш.

Онака како што Димковска пишува за Карл Либкнехт, дека неговата сеприсутност останува во колективната меморија, не само со физички докази, како улици, домови, во кои се населиле уништени животи.

Улици, како онаа во Тираспол, главниот град на Приднестровие, или онаа број 67/1-11, 1000 Скопје, Македонија,  или во Минск, Белорусија  бр. 68, каде што е седиштето на Хелсиншкиот комитет, или мостови- како оној во Берлин, или селото Либкхнетовка на Крим, или, или, насекаде каде што не може да побегне да исчезне, да го снема Либкнехт.

Така и со Груевски, пустошот што го остави зад себе може да се допре, да се заглави во грлото како коска која не лизнува сама, туку е потребна хируршка интервенција, која безмалку ќе трае со децении.

Тој груевизам е сеприсутен, тој виси над секого и затоа без него не се може,  влегол во сечија пора, го вшмукал и најмалиот атом и се населил под кожа, телото црвјосало од оваа окупација.

Сега тој груевизам чеша, прави рани на кожата, телото е запустено, потечено, како што се школите, болниците, администрацијата, медиумите, пазарите и улиците, буквално се, вклучувајќи го и правото на живот на  кучињата-скитници изгубени во нашата неквалификуваност, незнаење, неспособност да покажеме дека имаме милост и човечност.

Никој нема да може да се одбрани долго време од сопствениот груевизам, пред се затоа што нема да може да прогледа.

Ако ги отвориме ширум очите, ќе видиме дека еден од излезите ни го покажа Лидија Димковска, ќе видиме дека таа е самиот тој излез, затоа што груевизмот и остави доволно широко поле за борба во која се победува, затоа што наследството на Димковска е онаа победа што нам може само да не извлече.

*Расказот на Димковска можете да го прочитате на порталот Окно- https://okno.mk/node/74808

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.