Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина актерот Димче Мешковски

0
By Соња Крамарска on March 21, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од „Драмски театар“ – Скопје информираа дека на 78 години почина македонскиот театарски, филмски, телевизиски актер и хуморист, Димче Мешковски. Актерот починал во Флорида каде живеел во последните години, заедно со сопругата.

Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје. Целиот актерски век го помина  во Драмски театар – Скопје, а остана препознатлив по неговите улоги во претставите „Диво месо“, „Солунски патрдии“ и „Хамлет од Долно Гаштани“.

Неговиот лик беше препознатлив и по улогите на телевизиските продукции, како серијалите „Македонски народни приказни“, Солунски патрдии“, „Чук-чук Стојанче“, „Викенд на мртовци“, „Трст виа Скопје“, „Големи и мали“, „Во светот на бајките“…

Тој ќе остане запаметен и по улогите во филмовите „Републиката во пламен“, „Македонски дел од пеколот“, „Колнати сме, Ирина“, „Шеќерна Приказна“, „Диво месо“, „Среќна нова ’49“, „Болва во уво“, „До балчак“, „Трето полувреме“, и „Викенд на мртовци“, но и радио-драмите и хумористичните серии „Хихирику“.

Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови како Гаргамел во „Штрумпфови“, а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.

Добитник е на повеќе награди, како „13-ноември” и „Ристо Шишков”, како и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.

Од „Драмски театар“ известуваат дека комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски театар на 28 март во 12 часот напладне.

Димче Мешковски Драмски театар-Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.