Вчера во Шпанија почина Алвин Ли, чие легендарно свирење гитара го воздигна британскиот блуз-рок бенд “Ten years after”во редот на најголемите рок ѕвезди во 1960-тите и почетокот на 70-тите години.
Тој имаше 68 години. Според кусата информација од семејството на неговата официјална интернет страница, тој починал “по непредвидени компликации по рутинска хируршка интервенција”.