Благоја Стефановски-Баге е со богата професионална кариера. Во периодот од 1975 до 1980 година бил директор на НУ Народен театар – Битола, а меѓу другите ги вршел и функциите претседател на фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“„ претседател на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и на други домашни и меѓународни фестивали и манифестации.
Стефановски вршел и други јавни функции. Во периодот од 1994 до 1998 година година беше пратеник во македонскиот Ппарламент, а во периодот од 2002 до 2006 година беше министер за култура.