Човекот кој синоќа се поли со бензин и се запали на шеталиштето на Националната алеја во Вашингтон починал денеска од здобиените изгоретини изјавил портпаролот на полицијата Араз Алали. Тој истакнал дека човекот кој се запали починал рано утринава во болница во Вашингтон каде што бил префрлен со хеликоптер.
Повредите биле толку тешки што за да се утврди идентитетот ќе треба да се направи ДНК анализа .
На пожарникарите случајните минувачи им рекол дека човекот се полил со бензин од канта и се запалил.
Луѓето се обиделе да му помогнат, му ја извадиле облеката и со неа се обиделе да го изгаснат огинот. Полицијата ги истражува мотивите за самоубиството.