Околу пет часот, во хотелот “Цар Самоил“ во Струмица починал 54-годишниот Дамир Т. од Хрватска, член на хрватската делегација за струмичкиот карневал.
Трагичниот случај е пријавен во полициската станица во Струмица утрово во десет часот од страна на надлежните во Медицинскиот центар.
На починатиот најпрво му се слошило, а потоа починал.
Полицијата врши увид во хотелот Цар Самоил за да ги утврди причините за смртта.