Кит Флинт, вокалистот со Продиџи, почина на 49-годишна возраст, потврди полицијата.
Пејачот утрово бил пронајден мртов во неговиот дом во Есекс.
Портпаролот на полицијата во Есекс потврди дека во 8.10 часот утрово на адреса во Брук Хил бил пронајден починат човек во приватен дом.
-Смртта не се третира како сомнителна и ќе биде подготвен извештај за она што е констатирано на самото место, велат од полицијата.
На Инстаграм профилот на Продиџи стои дека вестите за смртта на Кит се виситините и дека тој си го одзел животот.
Флинт неодамна се врати од турнеја од Австралија, и требаше да замине на турнеја во САД во мај.