Почина поранешниот претседател на Кипар, Глафкос Клиридис, во чии мандат Кипар стана и членка на ЕУ.
Клиридис почина вечерва во една приватна клиника на островот, изјави неговиот долгогодишен личен лекар.
Деведесет и четири годишниот ветеран во политиката бил примен во болница во исклучително тешка здравствена состојба.
Тој беше четвртиот претседател на Република Кипар, е еден од почитуваните политичари поради неговото раководење со честопати хаотичната политика на островот.
По две неуспешни кампањи во 1983 и 1988 година, Клиридис беше избран за шеф на државата во 1993 година и остана на оваа функција во следните 10 години.