На 77 годипна возраст во Рим почина италијанскиот режисер Бернардо Бертолучи.
Неговата портпаролка за Би-Би-Си потврди дека тој починал по кусо боледување од карционом.
Роден е во Парма во 1941 година, и добитник е на вкупно девет Оскари.
Бертолучи, меѓу останатите филмови, ги режираше и „Последното танго во париз“, „Последниот император“, „Чај во Сахара“, „Дваесеттиот век“, „Конформист“, „Украдена убавина“ и „Малиот Буда“.
За филмот „Последниот император“, Бертолучи доби Оскар за режија.