На 71 годишна возраст, денеска, почина легендарниот филмски критичар Роџер Еберт (Roger Ebert), пренесуваат американските медиуми. Тој пред два дена на твитер објавил дека ракот му се вратил па ќе ги намали обврските во „Chicago Sun-Times“, каде што работеше.
„Ова не значи дека си заминувам, само ќе продолжам да го правам она што најмногу го сакам – да пишувам за филмови за кои навистина сакам да пишувам“, порачал тој.
Неговата кариера траеше 46 години, колку што работеше за весниците „ Sun-Times“. Во 1975 година ја доби Пулицеровата награда, беше познат и како сценарист, колумнист и водител на популарната тв емисија „Siskel & Ebert & Roeper“.
Ова се филмовите кои Еберт навистина ги мразеше и неговите легендарни коментари:
„Армагедон“- „Ок, уништивте астероид голем колку Тексас, а што ако останал некој колку Далас? Не би бил и тој доволен да се збрише животот на земјата?“
„The Brown Bunny” – „Еднаш ми дозволија на екран да ја гледам сопствената колоноскопија. Беше позабавна од овој филм.
„Jason X“ – „Овој филм е тешка глупост на ниво на развој на приказна, ликови, напнатост, специјални ефекти, оригиналност, способност да развие логична мисла“
„Mad Dog Time” – „Гледањето на овој филм е како да чекате автобус во некој град во кој нема автобуси.“
„The Usual Suspects” – „Во еден момент не знаев за што се работи во филмов и напишав: не ми е гајле.“
„Deuce Bigalow: European Gigolo” – „Главниот лик во филмов се занимава со проституција, не ми е познато по која цена, ама нема цена што не вреди да се плати, тој веќе да не се појавува во филмови. Ова е толку агресивно лош филм, што како да сака да ја натера публиката да страда.“
„North” – „Го мразам овој филм. Го мразам, го мразам, го мразам, мразам, мразам. Го мразам секој глупав момент од овој филм што ја навредува публиката“.
„Good Luck Chuck”- „За овој филм постои само еден збор, а тој збор е: Фуј!“
Неговите ремек дела од рецензии можете да ги видите на неговиот сајт тука