Американскиот актер Мики Руни почина на 93-годишна возраст, во Лос Анџелес. Мики Руни ја почна актерската кариера уште во 1920-тите, во времето на немиот филм.
Најпознати улоги на возрасниот Мики Руни, кој играше во околу 300 филмови, се оние во „Така завршуваат сите“, „Појадок кај Тифани“ и „Тупаница в лице“.
Во осумдесетгодишната кариера четири пати беше номиниран за Оскар, а освои две специјални награди, вклучувајќи ја и онаа за животно дело во 1983 година.
Во различни филмови и мјузикли настапува, меѓу другите, со Спенсер Трејси, Џуди Гарланд, Елизабет Тејлор и Ава Гарднер, која подоцна станува негова прва, од вкупно осумте сопруги. Руни има девет деца.