Почина светски познатиот моден кретаор Отавио Мисони. Креаторот почина во 92 –та година од животот во својот дом во Сумирадо Нел Варесо каде што е и фабриката што ги произведува неговите модели.
Мисони почина поради откажување на срцето, а покрај него била сопругата Розита со која направи светска кариера. Неможеше да се опорави поради семејната несреќа кога во јануари годинава исчезна авионот во кој беше неговиот син Виктор.
Мисони е роден во Дубровник, младоста ја поминал во Задар и се преставувал како претседател на Република Далмација во егзил. Хрватските власи му забележуваа на дизајнерот дека ги потикнува иредентистичките желби и ги расипува добрососедските односи.