Почина дванесетгодишното момче кое настрада од струен удар на железничката станица, во Ниш. Момчето починало на Клиниката за детска хирургија и ортопедија од големите изгореници кои зафатиле 90 проценти од неговото тело.
Повредите ги доби откако во игра со другарите се качил на еден од вагоните по што го удрил струен удар. Едно од другарчињата почнало да вика и да бара помош.
Момче се стрча кон станицата и викаше: „Помагајте, ми гори другарот!“ Го зграпчив противпожарниот апарат и трчав 300 метри. Меѓу 10. и 11. перон видов дете како гори.
Плачеше и врескаше: Ве молам спасете ме! Крв му излегуваше од устата, а главата му беше повредена. Гореше како факел. Во животот не сум видел ништо пострашно, а војував на Косово, изјави за Блиц Драган Милошевиќ, пожарникар и чувар на железничката станица во Ниш.