Најпознатиот шведски писател на крими романи, креатор на детективот Курт Валандер, Хенинг Манкел почина на возраст од 67 години.
Манкел, кој боледуваше од рак, почина во својот дом во западниот шведски град Гетеборг, во недела вечер, соопшти издавачката куќа Леопард.
Неговите десетици новели за шведскиот детектив Курт Валандер, се продадени во повеќе од 40 милиони копии низ целиот свет, а беа преведени на речиси 50 јазици.
За Валандер, детективот кој работи во јужниот шведски град Истад, снимена е серија, како на шведски така и на англиски јазик.
Манкел, исто така, има напишано бројни детски претстави и книги, а во 1996 година, награден е со Астрид Линдгрен наградата за пишување детска литература.
Манкел беше женет за Ева Бергман (70), ќерка на славниот шведски режисер Ингмар Бергман, а имаат и син Јон.