Славниот ветеран во телевизиското новинарство Сер Дејвид Фрост почина на возраст од 74 години, од срцев удар.
Според соопштението на семејството, Фрост одржувал говор на бродот Кралицата Елизабета во саботата вечер, кој испловил утрото од Саутхемптон и последната дестинација му била Лисабон.
Кариерата на Сер Дејвид се движеше во новинарството, во пишуавање на комедии и телевизиско дневно презентирање, вклучувајќи го “Извештајот Фрост”.
На меѓународно ниво, тој ќе биде запаметен по неговите славни интервјуа, од кои веројатно најзапаметен е серијалот интервјуа со поранешниот американски претседател Ричард Никсон, според што беше и снимен филмот “Фрост/ Никсон”.
Видео: Филмот Фрост/Никсон, кој го опишува серијалот интервјуа на Фрост со Никсон