Во Ургентниот центар во Белград на повредите им подлегна 60 годишниот Љубиша Богдановиќ кој во вторникот уби 13 луѓе во Велика Иванча.
Неговата сопруга Јаворка се опоравува по тешката операција која беше извршена вчера, откога Богдановиќ обидувајќи се да ја убие и нанел прострелни рани во главата и вратот.
Богдановиќ во вторникот рано утрото уби шест мажи, шест жени и двегодишно дете, а потоа се обиде да ја убие сопругата и себеси.