Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна обештетувањето на инвеститорите на Субрата Рој

0
By Нова ТВ on May 16, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Индиската Комисија за хартии од вредност (СЕБИ) започна да ги враќа парите до индивидуалните инвеститори, кои од нив ги има земено групацијата „Сахара Груп“ во сопственост на тамошниот бизнисмен Субрата Рој, известија индиските медиуми. Како што е познато, Рој е заинтересиран да гради туристички комплекс на Охридското езеро, а овој скандал се појави токму по објавувањето на намерата за инвестиција во земјава.

Парите им се враќаат само на оние инвеститори чиј идентитет е точно утврден, што во Индија не е лесно, зашто има случаи каде што еден инвеститор е именуван на повеќе места во документите, има и случаи на повеќе адреси за еден инвеститор или, пак, случаи кога стотици инвеститори делат една адреса.

Според СЕБИ, „Сахара Груп“ должи 4,38 милијарди долари, а овие пари што сега им се враќаат на инвеститорите се од уплата извршена од страна на групацијата во износ од 934 милиони долари. „Сахара“ тврди дека износ од 3,65 милијарди долари има вратено на две компании што купиле нејзини обврзници директно, но ова треба допрва да се утврди од независни извори.

Најголем проблем со враќањето на парите ќе бидат оние инвеститори чии адреси и други детали не можат да се утврдат . Иако парите сега се враќаат на инвеститорите чиј идентитет е утврден, нивниот број е многу мал, споредено со барањата на околу 3 милиони инвеститори вкупно од кои компанијата има подигнато 4,38 милијарди долари.

За начинот на враќање на парите и на другите инвеститори и утврдувањето на нивниот идентитет се очекува насоки да даде Врховниот суд на Индија во јули. СЕБИ, инаку, се сомнева дека со парите има и други манипулации и побара од индиските државни агенции да проверат дали имало прекршувања на законите од страна на „Сахара“ во овој случај, вклучувајќи и перење пари преку фиктивни компании.

СЕБИ, исто така, поднесе и барање за казнување на „Сахара“, обвинувајќи ја групацијата дека не ги следи одлуките на судот, а побара и да се издаде наредба за апсење на нејзиниот шеф Субрата Рој, како и да се донесе одлука да му се забрани излез од земјата. И за овие барања ќе расправа Врховниот суд во јули.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.