Вечерва во седиштето на Европската Унија во Брисел, кое патем, светлосно е обоено во националните бои на Украина, почна вонредниот самит на 27-мината, кој се очекува да резултира со политичка одлука за пакетот санкции кон Русија. Со овој пакет санкции, за кој од Унијата велат ќе бил најголем досега кој воопшто Европа го има усвоено било кога и против било кого, требало да и се нанесат сериозни последици на руската економија.
– Со овој пакет ќе биде погодена руската елита и нејзината економија. Ќе биде замрзнат рускиот имот во европскиот блок , стопирање на пристапот на банките на европските берзи и удар на интересите на Кремљ, пренесе Ројтерс.
Претходно австрискиот канцелар Нехамер Карл истакна дека новиот пакет на санкции нема да го содржи исклучувањето на Русија од меѓународниот платен систем познат како Swift.
(М.Т.)