Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнаа археолошките истражувања во Стоби

0
By Нова ТВ on July 6, 2020 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради пандемијата со задоцнување од три месеци, НУ „Стоби“ на 1 јули почна со програмските активности  од  годинашните археолошки  истражувања на локалитетот Стоби. Ќе се доистражува  Римската порта и југоисточниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида, а ќе има конзервација и доистражувања  на Римскиот театар во Стоби.

Директорот на НУ „Стоби“ Спасе Перовски изјави дека станува збор за проекти одобрени во програмата за 2020 на Министерството за култура.

Се работи  проектот  „Изработка на проект за конзервација на археолошките остатоци од Римската порта и сегмент од југоисточен бедем“. Истовремено има и  археолошки доистражувања на Римската порта и југоисточниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида“, а проектот го раководи археологот Јован Радњански.

–Интересно е што таму досега никогаш не било ископувано и затоа очекуваме интересни наоди и научни заклучоци во врска со функционирањето на градот, најави Перовски.

Вторите истажувања се „Конзервација, реставрација, реконстукција и археолошки доистражувања на објектот Римски театар во Стоби“,  а проектот го раководи археологот Гоце Павловски.

Перовски најави дека потоа ќе работат на сцената на театарот, а  ќе се прави и нова  рампа за влез на товарни возила во близина на  сцената и од каде директно се слегува во делот на театарот.

Директорот на НУ „Стоби“ планира  сите програмски активности предвидени за годинава во Стоби  и поддржани од Министерството за култура во рамки на матичните дејности во целост да бидат реализирани до крајот на годинава.

Тој  информира дека поради кризата предизвикана од Ковид-19, НУ Стоби донела одлука да врати во државниот  буџет 980 илјади  денари, пари  кои им  беа доделени од Министерството  за култура за два проекта – „Ретроспективна изложба на Петар Хаџи Бошков“ во визуелни уметности архитектура и дизајн за која беше доделен буџет од 800 илјади  денари и „Римскиот театар во Стоби: Студија за кавеата 2000-2019. Едиција: Студии за старините на Стоби, серија монографии книга II“, Гоце Павловски, во  издавачка дејност,  180 илјади  денари.

-Заинтересираноста на луѓето за Стоби, посветената работа, духот на тимот вработени и времено ангажирани, дава за право сите ние да се увериме дека поседуваме локалитет кој е рамо до рамо со светските археолошки локалитети, паркови и музеи од оваа област, потенцира Перовски.

Додаде дека Националната установа за управување со Археолошкиот локалитет Стоби ниту во време на кризата поради вирусот не престанала со активности за популаризација и презентација на Стоби. 

Перовски потенцира  дека  во овие услови посебно била активна  веб-платформата и социјалните мрежи и дека интересот бил уште поголем. Доказ за тоа, рече, е што нивните постови за разни ископини и предмети  од Стоби имале повеќе илјади прегледи.
 

Интересно е што еден од тие постови  за само еден ден имал 16 илјади прегледи. Станува збор за пост на 3 јули со кој беше соопштено дека локалитетот се отвора за посетителите.

стоби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.