Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува 9. издание на „Танц-фест“

0
By on April 11, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со претставата „Надеж. Вечер со Бетовен“ на Државната опера и балет од Анталија, Турција, а во режија и кореографија на Рисима Рисимкин утревечер во Македонската опера и балет ќе биде отворено деветтото издание на „Танц фест“. Вечерта на Владимир Викторович Васиљев, водечки танчер во „Бољшој театарот“ ќе му биде доделена наградата за врвни достигнувања во областа на танцот „Менада“, за која едногласно одлучи Советот на фестивалот.

На денешната прес-конференција присуствуваше и наградениот Васиљев, кој 30 години бил водечки танчер во „Бољшој театарот“. Има огромен придонес во развојот на класичниот балет, преку повеќе балетски претстави и улоги. Во 1971 година почнал да работи како кореограф, театарски и филмски режисер. Повеќе од 10 години ги води постдипломските студии на Државниот институт за изведувачки уметности и го води Факултетот за кореографија при Институтот. Од 1995 до 2000 година ја извршувал функцијата уметнички и генерален директор на „Бољшој театарот“. Васиљев сега е народен уметник на СССР и Русија, професор при Руската академија за изведувачки уметности, член на Руската академија на уметностите и Интернационалната академија на уметностите… Сега слика и пишува поезија.

– Немав сознанија за балетот во Република Македонија и за мене на некој начин ова е откритие. Ова е прекрасен почеток и сметам дека и во иднина повторно ќе се враќам тука и оти ќе имаме соработка, изјави Васиљев.

Присуството на Васиљев во Македонија, смета уметничкиот директор на „Танц-фест“ Рисима Рисимкин, отвора можност за соработки и сигурна сум дека ние, како Интер арт Културен центар нема да оставиме на случајност и нема да ја пропуштиме оваа голема прилика.

– Сигурно ќе направиме нешто за да се продлабочат врските, на обострано задоволство на уметниците во Македонија и Русија, рече Рисимкин.
Нилај Генч Чеби, генерален директор на Државната опера и балет од Анталија, Турција информира дека постојат од 1999 година. Ансамблите на операта, балетот и оркестарот работат засебно, но и заедно подготвуваат претстави. Задоволни се што во Македонија и што ќе настапат на фестивалот.

Рисимкин информира дека „Надеж“ е работена по музика на Бетовен, вториот став од Седмата симфонија и цела Деветта симфонија. Сценографијата е на Тајфун Чеби, а костимите се на Благој Мицевски.

Таа објави дека Скопје Танцовиот театар и Battery Dance Company од САД потпишале Меморандум за соработка. Со тоа, како што рече, ниви професори ќе доаѓаат во Македонија, а наши студенти ќе одат да работат кај нив. Battery Dance Company од САД ќе настапат во рамки на фестивалот, в сабота во Младинскиот културен центар (МКЦ) со „Autobiographica“.

Според програмата на фестивалот, предвиден е настап и на Балетот од Косово. Во рамки на фестивалот низ целата година се предвидуваат повеќе работилници и претстави.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.