Политичките партии денеска ги започнуваат кампањите за предвремени парламентарни избори. ВМРО ДПМНЕ на чело со Никола Груевски ќе ја промовира својата програма на плоштадот Македонија во 20 часот.
Стево Пендаровски во 19 30 ќе одржи граѓански собир на плоштадот Пела на кој ќе се промовираат и кандидатите за пратеници на СДСМ, како што најавуваат од партијата.