Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува манифестацијата Денови на македонска музика

0
By on March 28, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со концертот „Синтези“ на Македонската филхармонија, на кој естрадни и оперски имиња ќе изведат познати народни песни оркестрирани од македонски композитори, вечерва, во МОБ ќе почнат 36. Денови на македонската музика кои ги организира Сојузот на композиторите на Македонија.

Манифестацијата ќе заврши во МОБ на 9 април со премиерата на балетот „Александар Трети Македонски“ на Љубомир Бранѓолица, во кој улогите ќе ги играат Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.

На 36. ДММ ќе гостуваат ансамбли од Австрија, Словенија и од Германија. Два концерта, утре и задутре, во Музеј на Град Скопје ќе одржи виенскиот ансамбл „Реконсил“, кој еднаш веќе има настапено на оваа манифестација. На истата локација на 2 април ќе гостува триото „Арс музика“ од Љубљана, кое ќе изведе дела од словенечки, македонски и српски автори, а на 6 април во Музејот на македонска борба ќе настапат шест члена од Минхенскиот камерен оркестар заедно со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија.

Два камерни концерта со дела од македонски композитори, насловени „Made in Macedonia“, ќе бидат одржани на 1-ви и на 8 април во Музеј на Град Скопје, а на 3 април во Музеј на македонска борба ќе настапи Камерниот мешан хор „Про арс“. Во годинашната програма е отстапен простор и за други жанрови и концерти на електронска музика – Концерт на Никола Коџабашија и Пенелопе Х (31 март во МОБ) и Вечер на електро-акустична музика (5 април во Музеј на Град Скопје).

Традиционалните награди на СОКОМ ќе бидат врачени на 31 март во МОБ. Наградата „Трајко Прокопиев“ за животно дело ќе ја добие етномузикологот Ѓорѓи Ѓорѓиев, „Панче Пешев“ за најдобро премиерно или публикувано дело годинава му припадна на младиот автор Александар Пејовски за премиерната изведба на делото „ОоПАаИХА“, а наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски автор СОКОМ и ја доделува на пијанистката Ана Гацева за изведбата на композицијата Варијации за пијано „15 елементи за разубавување на индивидуалното“ од Мајкл Бакрнчев.

Покрај концертната, ДДМ ќе има и придружна програма – промоција на компакт-дискови и предавања и работилници. За студентите на ФМУ предавање ќе одржи виолончелистот Бриџет Мекреј од Минхенскиот камерен оркестар. Освен премиерата на балетот за затворање на Деновите, сите други содржини на манифестацијата се бесплатни за посетителите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.