Секој што ќе плаќа за секс ќе биде казнет со 1500 евра, а нудење сексуални услуги нема да биде кривично дело – тоа е новата реформа за Законот за проституција во Франција. Според Владата, со тоа би се спречило насилството над жените.
Законот официјално во Парламентот во Париз би требало да биде усвоен во среда.
Според новиот предлог-закон, клиентите на проститутките ќе се сметаат за престапници, додека нудењето сексуални услуги нема да биде кривично дело, јавува Ројтерс.
Порано, купувањето и продавањето сексуални услуги за пари било легално, но занимавањето со проституција не.
Некои критичари на овој предлог, предупредуваат дека со ова проститутките би биле во уште поголема опасност, а според други, треба секому да се дозоволи да го користи телото како што му одговара.
Планот на власта да ги казни граѓаните кои плаќаат за секс ја разбрани француската јавност, а предлог-законот е осуден од страна а некои познати личности, меѓу кои и Катрин Денев, Шарл Азнавур, познати интелектуалци, како и самите проституки.
Во Франција сексуални услуги нудат повеќе од 20 000 жени, а полицијата наведува дека 80 до 90 отсто од нив потекнуваат од источноевропските земји, на пример Бугарија и Романија, како и од афричките Нигерија и Камерун, а потоа и Кина и Јужна Америка.