НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поддршка и од Филипче – предлогот нe е идеален, но е најдобриот што сме го добиле досега

0
By Sashko on July 3, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ги живееме најемотивните моменти на поновата македонска историја, време во кое се носат историски одлуки за иднината на државата. Ако нешто знам, тоа е дека во овие моменти најважно е да се задржи разумот за да може темелно и објективно да се анализираат опциите, наведува поранешниот министер за здравство, Венко Филипче во постот на неговиот Фејсбук профил.

Емоциите, вели тој, не се добар сојузник, а оние кои ги искривуваат фактите со цел подгревање на емоциите, прават голема штета. Она што треба да го направиме, додава Филипче, е да ги „извагаме“ можностите кои сега се на маса и да ги предвидиме следните чекори при секое од можните сценарија. Затоа, нагласува, е нужно за да се донесе државничка и одговорна одлука.

„Прашањата кои треба да ги одговориме се: 1) Дали во брзо време и догледна иднина можеме да добиеме подобар предлог од овој? – На ова прашање немаме одговор, но факт е дека далеку поголеми се шансите да немаме ниту брзо нова можност ниту подобар предлог. 2) Дали со фактот (а тоа е факт) дека како Македонци кои говорат македонски јазик не го исполнуваме клучното ветување кое го дадовме пред себе, да го заштитиме јазикот и идентитетот? – Мислам дека одговорот е да. Точно е дека остануваат отворени прашања во делот на историјата, но во истиот дух и со исти сили ќе ги решаваме во билатералните преговори со Бугарија. Тие нема да бидат услов за нашите преговори. 3) Каква е разликата ако Бугарија реши да не блокира додека преговараме и ако воопшто не почнеме да преговараме и останеме блокирани? – Навистина не ја гледам разликата како ќе имаме подобри позиции без почнати преговори, без решен јазик (а тоа е факт, јазикот го решаваме). Кој гарантира, во ваква несигурна состојба во Европа и светот, дека утре ќе имаме подобри услови? – Кој знае дали во Бугарија ќе има „поразбрана“ власт која ќе ги прифати сите наши барања? Слушнавме многу квалификации, пораки, но и небулози од опозицијата. Многу начини како да се блокира решението, но не и што после блокадата? Кои се алтернативите, колку време и најважно – како планираат тие ова подобро да го решат? – Или планот е да останеме на статус кво уште неколку децении? – Предлогот не е идеален, но идеално нема да добиеме. Овој предлог кој е прифатен од сите европски земји е најдобриот кој сме го добиле досега. Имало и други предлог решенија, но тие не биле прифатени од сите, со тоа и не може да се каже дека се решенија. Затоа, да бидеме мудри и одговорни“, се прашањата кои јавно ги поставува екс министерот за здравство и на кои дава свое лично видување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.