Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поддршка од 200 милиони евра за земјоделците, субвенции, прилагодување со агрополитиката на ЕУ

0
By Нова ТВ on September 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во наредните четири години земјоделството и руралниот развој ќе ги поддржиме со годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра и ќе вршиме навремена исплата на субвенции по принципот  30 отсто од висината на  субвенциите за основните мерки да се исплаќа  30  дена по одобрувањето, а 70 отсто според календарот за исплата, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа.

-Во следните четири години ќе работиме на креирање на политики кои се во согласност со генералните обврски и насоки на државата за приспособување кон заедничката земјоделска политика на ЕУ. Наша задача е со стратегија и соодветна поддршка земјоделството да стане една од најпродуктивните и најисплатливите гранки преку искористување на сите природни ресурси што ги нуди нашата држава, рече Хоџа при презентацијата на мандатното писмо.

Вети дека ќе обезбедат услови за порентабилно земјоделско производство преку зголемување на  кофинансирањето на трошоците за набавка на  зелена нафта.

-Годинава државата  покрива 50 отсто од трошоците, а овој процент секоја година ќе се  зголемува и до крајот на 2024 година ќе биде 100 отсто субвенциониран, посочи Хоџа.

Ќе го продолжиме, додаде, процесот на консолидација, односно опкрупнување на  земјоделското земјиште, ќе ги мотивираме младите земјоделци до 40 години да останат во земјоделството преку  доделување на грантови до 20.000 евра и ќе ја зголемиме поддршката за жени земјоделки до крајот на 2024 година.

-Ќе биде формиран Интервентен фонд во програмата за директни плаќања, а наш приоритет ќе  биде инвестирањето во инфраструктура на пасишта во јавно-приватно партнерство и градба на брани и системи за водоснабдување, потенцира Хоџа.

Посочи дека нашата држава годинава се наоѓа во еден од најтешките пеироди пред,како што рече, најголемиот предизвик, справување со глобалната закана за здравјето на луѓето – вирусот Ковид-19.

-Но, покрај ризиците за здравјето на луѓето последиците од оваа глобална пандемија има економијата вклучувајќи го и земјоделството. Токму здравствената криза покажа  дека домашното производство  на  храна и земјоделски производи е најважно, нагласи Хоџа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.