Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подобра иднина

0
By Нова ТВ on October 19, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Стево Пендаровски, универзитетски професор

Наспроти природните стравови на обичните луѓе, иднината на Македонија и регионот е лесно предвидлива. Денешните авторитарни режими на Западниот Балкан ќе бидат сукцесивно размонтирани, не поради напорот на западните служби, туку, поради логичната развојна шема по која се движат безмалку сите пост-комунистички земји. Таа насока ќе се движи од денешните изборни, односно, фасадни демократии кон функционални “демократии со недостатоци”.

Иако дупките се големи, на пример: бизнис-интересите ја доминираат политиката; владата ги контролира судовите; борбата  против криминалот  е политизирана затоа што се гонат криминалците кои не се “наши”; популизмот и национализмот, наместо на маргините, доминираат во  центарот, тие ќе бидат – пополнети. Извесноста во прогнозите е врзана со развојот на најуспешниот регион во пост-комунистичкиот свет, Вишеградската група на централно европски држави кои, иако во последно време личат на нас, се неспорни шампиони на транзицијата.

Јасно е дека поделбата на исток  и запад е одамна депласирана (освен кај нашиве експерти за Движењето на неврзаните), меѓутоа, во однос на истокот на Европа повеќе не важи ниту поделбата на север и југ. Тука е актуелна поделбата на Вишеград и делумно, Балтикот, од една и јужниот Балкан на друга страна. Да фрлиме реален поглед врз бројните лоши страни на успешните транзиции за да видиме дека нивната системска отпорност, сепак, ги држи цврсто вкотвени во групата на нормални земји.

Полска, Чешка, Словачка и Унгарија се предводени од популисти кои се против концептот на мултикултурализам, затоа што, според Жак Рупник, во позадина имаат два врзани проблеми: назадуваат во демократијата,а тоа ги засилува идентитетските стравови кои излегоа на површина при последната бегалска криза. Само параноидниот национализам може да ги плаши луѓето со менување на демографската структура од луѓе кои само транзитираат, што е слично на нашиот индуциран страв во 1999-та дека бегалците од Косово ќе останат во Македонија. Орбан дури организираше и референдум за мигрантските квоти, иако, кај ниту еден од бегалците нема дилема дека Виена и Берлин се подобри опции од Будимпешта.

Освен познатите авторитарни потези на човекот кој доби орден заслуги за Македонија, а, кои ги имаме и во домашно пакување: контрола на Уставниот суд и на регулаторното тело за надзор на  медиуми, заради кои Унгарија е во групата на делумно слободни земји, имаме уште две, за нас, повторно, познати работи: во првата година од мандатот владеачката коалиција донесе неверојатни 600 закони со кои ја зацврсти својата власт, а дел од владините тендери не ги добива кумот од првиот брак, туку школскиот другар на водачот. Орбан е творецот на историската референца за либералната демократија како “догма која треба да се напушти”, а алтернативата која ја практикува дома ги натера САД во 2014-та да им забранат влез на шест високи функцонери на неговата партија поради корупција, што е акт без преседан преземен против членка на НАТО.

Стариот, искусен чешки комунист Земан ја одобрува анексијата на Крим и предлага “финландизација на Украина”, што преведено за помладите, значи кога една голема држава контролира друга помала држава, но, на вторава и “дозволува” формално да остане независна. Идентични ставови има неговиот добар пријател, министерот за финансии од групата на тн. добри олигарси, Бабиш кој негира дека работел за КГБ, но, не одрекува дека морал да соработува со чехословачката тајна служба. Неговото богатство е проценето на 2.6 милијарди долари и приближно толку го товарат дека префрлил субвенции од фондовите на ЕУ кон своите компании. Исто како што ВАЦ се повлече од регионот заради финансиската криза, така и таму местото на странските инвеститори го пополнуваат домашните олигарси. Издавачката куќа МАФРА на Бабиш денес ги поседува легендарните Млада фронта днес и Лидове новини и богами ретко можете во целото негово медиумско царство да сретнете истражувачка сторија за неговите бизниси. Инаку, најинтригантно за нас е тоа што предходниот чешки премиер Нечас поднесе оставка поради видени и чуени “македонски” работи: афера со прислушкување, корупција и прељуба во врвовите на власта. Сепак, словачниот премиер Фицо отиде најдалеку во противењето на своите западни сојузници, споредувајќи го распоредувањето на НАТО како одговор на анексијата на Крим со инвазијата на СССР во Чехословачка во 1968-та.

Неколку заклучоци на крајот врзани со нашите перспективи. Централно европските автократи се вртат кон Москва само за да ги олабават барањата на Брисел за повеќе демократија, затоа и никој од нив до сега не споменал напуштање на ЕУ. Второ,  со сите демократски застранувања сите битни индекси на фондацијата Херитиџ и на Фридом Хаус за вишеградската четворка се најмалку една до две категории над нашите индикатори. Наспроти неспорните намери на нивните лидери за градење сопствен култ на личноста, децентрализацијата на нивниот политички систем спречува концентрација на моќта кај еден човек. Во центарот на таквиот политички систем стојат граѓаните кои не го забораваат фундаментот на нивните револуции од 1989-та: човековите слободи и права. Нашата 1989 се случува денес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
ТИКЕР

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.