Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подобро да ме убијат, отколку да живеам како стаорец

0
By Биљана Секуловска on January 10, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бомбардирани од повиците и колнењата дека сите сме, верувајте ми дека најмногу “Јас сум Шарли Ебдо”, отфрлањата на хипокризијата затоа што “и не сме баш сите, oсобено не оние кои до вчера ја масакрираа на разни начини слободата”, налета писмото на премиерот Груевски до неговиот француски колега Мануел Валс. И тоа какво писмо!

Не, не налетав на писмо на Груевски или Иванов и до редакцијата “Шарли Ебдо”, за што постојат две можни опции: или заради тоа што такво писмо не постои или второ, можеби не ја информирале јавноста дека испратиле уште едно писмо на вистинската адреса (освен онаа на францускиот премиер и на претседателот Оланд- испратено од Иванов), онаму каде што протоколот не би го отфрлил заради несоодветност на рангот.

Но, писмото на Груевски до Валс е вредно за кратка анализа. Таму нашиот премиер говори за “човечки интегритет и демократски вредности” и никаде не ја споменува слободата на медиумите, слободата на изразување. Веројатно таа се подразбира во тие демократски вредности, помислил тој, или пак воопшто не сакал да помисли, за да не биде сфатен погрешно. Тука, тука да не го сфатиме погрешно, тука, кај што денеска дури и Сител тврди дека се “Шарли”, за да ви се слоши од оваа иронија, одвратно голема онолку, колку што може да биде бесконечна човечката глупост.

А во случајов, таа нивна бестијалност, во нивните умови генијалност, е поткрепена, мислеле тие, и со материјален доказ- па дури и се сликале со некакви ливчиња кај што тоа навистина и го пишува, дека тие да ти биле “Шарли”. Затоа што мислеле дека ако напишат и уште и па се покажат на светот (паланката, де), автоматски стануваат дел од светот, од движењето за слобода, дел од цивилизираниот свет, помеѓу две реклами и пет нарачани сатанизирања и отстрели на критичарите на власта на Груевски.

Одвоиле секунда за сликање со смртно сериозни и загрижени лица, небаре тие се следните жртви после “Шарли”, па го алармираат светот за апокалипсата која го чека ако нив ги снема, откако ќе убијат претходно се што им било издиктирано од црниот тефтер на власта.
Убијат, да, добро читате, убијат, затоа што убиството не е само физичка ликвидација, тие така истренирано убиваат секојдневно, по неколку луѓе постојано низ годиниве, што нивново ливче е истото она кое служеше за тоалет хартија на Илија Димовски, тогаш кога осудата на црниот понеделник за власта значеше само тоа. Ни повеќе ни помалку.

Да- и повторно за писмото- сочувство на премиерот Груевски за “Шарли”. Не се сеќавам дека тој ја извести јавноста дека жали за загинувањето на великанот на македонското новинарство, Никола Младенов. Не се сеќавам затоа што такво обраќање премиерот никогаш и немал. Сега и тој е “Шарли”, онака како што никогаш не бил- ниту пак бил Никола Младенов.

Како пишуваше Албер Ками во “Писма до еден германски пријател: “Вие се задоволувавте со тоа што се стававте во служба на моќта на вашата нација, додека ние сонувавме нашата да ја направиме вистинољубива”. Совршена порака и до нашиот премиер,само зборот “нација” заменете го со “фамилија”, за писмото да биде пратено на вистинската адреса. Онака, како што новинарите од “Шарли” кои беа убиени праќаа пораки до сите моќници, заради што и Никола Младенов го даде својот живот и заврши со истите зборови на неговите француски колеги: “Подобро да ме убијат, отколку да живеам како стаорец”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.