Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подобро да не те питав, бабо

0
By Биљана Секуловска on March 30, 2019 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се остане заробен во минатото, да се капитализира од историјата, да се заглави во некои одамна поминати векови- зарем врз тоа не почива уметноста?

Бендот “Некст тајм” тоа и го помислил- дека се доволни сеќавањата на една песна-  “Нешто ќе те питам, бабо”- за да ги трогнат и збришат сите минати, идни, поинакви времиња на толкувањето и славењето на музиката, но и на историјата.

Се увериле сами со себе дека ништо повеќе не може да ги забуричка сеќавањата на маките на македонскиот народ низ столетијата, како што се спомените на имињата на Гоце Делчев и Даме Груев, и, каква случајност, одеднаш се појавува и култната фигура  на вмровската клика, крст и кандилото кое се појавува токму пред изборите, Тодор Александров. Сметале дека уметноста така изгледа- дека може да ни искорне се што имаме запишано во културниот идентитет, за да и се предадеме на една стара, заборавена песна, која мора да се врати.

За тие потреби, сметале дека се доволни два-три певливи реда букви, познат рефрен, расфрлани грст комити со костими кои ги носат за да се поверува во поминатите векови на господството; еден застрашувачки ага; тука е и една копнежлива девојка склона на разоткривање на строгите тајни на комитското друштво, бескрупулозна мома со кодошки манири, која сепак треба да разбуди некакви заспани пулсирања во пределот на граднот кош, покрај се.

Секоја музика не е уметност, ниту пак може секој да верува дека се станува уметник со добро познати тонови, кои можат старите емоции, веќе со годините истрошени, а станале можеби и излитени и закоравени, да ги преобратат и да сторат од нив вистинско чудо.

Мислат дека се лесни чудата какви што може само Влатко Стефановски да ги создаде, мислат дека е доволно само да се сетат на старите стихови, на тактот, на ритамот, на хармонијата, на таа совршена македонска музика. Таа уметност на Влатко Стефановски ги пара срцата, наместо нивнава, на младите луѓе од “Некст тајм”- што ги пара ушите.

И не се работи за тоа дали се совршено или не испеани стиховите или школски, по читанка одработени нотите, војнички прецизно.

Магијата, талентот, непроспиените ноќи и деновите со децении поминати во работа, страста, љубовта кон музиката, сонот да се создаваат од почеток мали ноти, кои со годините прераснуваат во вистински чуда, тоа не треба да ни го каже Стефановски дека го носи со себе за да знаеме- дека се е тоа потребно за една врвна уметност, тоа се препознава, тоа се подразбира,  кога се работи за раѓање на цел еден мал живот на секоја нота, на секој изговорен стих, онака како што тој тоа го прави.

Оттаму, во таквата уметност не може да има  национализам, омраза, подбуцкување, тенденциозност, пресметани емоции, лажен патриотизам, хушкање, тоа мора да го дознаат младите луѓе од “Некст тајм”.

Чесните намери и чистото срце создаваат подлога, база за создавање на уметност, така голема, каква што само може да создава Влатко Стефановски, а тоа нам не треба никој да ни го каже за да се знае, за да се сфати и проживее, заедно со него.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.